Skip to main content

Три лица барани со потерници денеска фатени во Скопје

архива

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во Скопје биле лишени од слобода три лица кои биле барани со потерници за издржување затворски казни.

Денеска (11.08.2026) во Скопје, на различни локации, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ч. (23), Ф.М.(68) и С.Г. (76), сите од Скопје, барани со потерници по наредби од Основен кривичен суд Скопје, за издржување на затворски казни. Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено-поправни установи, соопшти МВР.

Поврзани вести