Skip to main content

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, заедно со членовите на „Менс Клаб оф Токио Опера“ од Токио, ја изведоа „Македонско девојче“

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, заедно со членовите на „Менс Клаб оф Токио Опера“ од Токио, ја изведоа „Македонско девојче“-една од најпознатите и најпрепознатливи македонски песни.

Котецу и членовите на оперскиот ансамбл со години покажуваат интерес за музичкото наследство на Балканот, а во нивниот репертоар се застапени и традиционални македонски песни. Особено впечатливо е тоа што „Македонско девојче“ ја изведуваат на македонски јазик, со што на публиката во Јапонија ѝ доближуваат дел од македонската музичка традиција.

Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција. На овдешната публика ѝ стана познат откако пред неколку години почна да изведува бројни македонски традиционални песни.

Поврзани вести