
Експлозија и пожар избувнале денеска во воено-производствен и складиштен комплекс во близина на селото Белица, во општина Трјавна, Бугарија. Поради инцидентот биле евакуирани околу 300 работници.
Според првичните информации, пожарот избувнал околу пладне, откако се запалил камион во кругот на објектот. Огнот потоа се проширил кон складиште во кое се чувала муниција, по што следувале повеќе детонации. Над областа се издигнал густ чад.

Регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова, изјавила дека нема загинати или повредени работници и дека сите лица од објектот биле навреме евакуирани.
Поради чадот и опасноста од дополнителни експлозии, локалните власти ги повикале жителите на околните села да останат во своите домови. Од безбедносни причини биле преземени и дополнителни мерки за заштита на населението додека пожарникарите интервенирале на теренот.
Според првичните наоди, нема индикации дека станува збор за саботажа, туку најверојатно за несреќен случај. Бугарското национално радио, повикувајќи се на првичните информации, објави дека пожарот можеби избувнал додека цистерна со гориво ги полнела резервоарите, по што дошло до палење и експлозија на муницијата во еден од магацините.
🇧🇬⚡️ Bulgaria | Explosion at Military Plant
— Field Reports (@FRReports) August 10, 2026
An explosion occurred at a military plant near Tryavna, Bulgaria. The facility is owned by EKMO, which produces artillery shells and tank ammunition for Ukraine.#Bulgaria #Ukraine #OSINT pic.twitter.com/8llYrxXqmY
Компанијата EMКO произведува артилериска, тенковска и минофрлачка муниција, вклучувајќи муниција од советски калибар, која се испорачува за потребите на украинските вооружени сили.

Македонски


