Skip to main content

Црногорската полиција застана сватови и им нареди да го тргнат албанското знаме од автомобилите

Полицијата во Беране, Црна Гора, запре свадбена поворка што тргна од Гусиње и им нареди да ги отстранат албанските знамиња од возилата, пренесува „Србија тајмс“. Според полицијата, причината е истакнување на симболот на странска земја во јавност, што таму е забрането.

Албански знамиња на автомобилите на свадбените поворки често се гледа и низ Скопје, но и на југот на Србија.

Од „Србија тајмс“ потсетуваат дека неодамна, за време на посетата на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на српските општини Бујановац и Прешево, на зградите на тие институции беа веени исклучиво албански знамиња, без симболите на државата Србија, што предизвика доста негодувања во јавноста.

Неодамна, пак, вицпремиерот на Црна Гора, Ник Ѓелјошај, најави дека градот Улцињ е албански и ќе биде „ослободен во јуни следната година“, по што градот осамна со албански знамиња што внесе вознемиреност меѓу жителите на ова место во кое живеат Албанци и Црногорци.

Поврзани вести