Skip to main content

Маж паднал од мотор, другар му го оставил на пат и продолжил да вози

Ноќва околу 00:10 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат од Овче Поле кон Свети Николе Ј.К.(35) од Свети Николе додека управувал мотоцикл „сузуки“, а како сопатник се превезувал Х.К.(36) од Свети Николе истиот паднал на коловозот, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот и се упатил кон ЈЗУ Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот констатирани во Клиничката болница Штип, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе, соопшти МВР.

Поврзани вести