Skip to main content

Утре несекојдневно топло

МИА архива

Под влијание на јужно воздушно струење, утре во земјава наместа ќе дува силен јужен ветер со брзина што повремено ќе надминува 80 километри на час, а температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Во Скопје ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.

Поврзани вести