Skip to main content

Азиски репрезентации го сакаат Далиќ за селектор

 Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ под чие водство оваа репрезентација имаше забележителни резултати во моментов има три понуди да преземе репрезентација. Сите три понуди се од азискиот континент.

Како најсигурна се смета понудата од Обединетите Арапски Емирати во висина од пет милиони евра годишно, а има најави за уште две понуди од Саудиска Арабија и Јужна Кореја.

Според најавите можно е со Далиќ трансфер да направи комплетниот стручен штаб што работеше со него и додека тој беше на кормилото на хрватската репрезентација.

Под водство на Далиќ, Хрватска на СП 2018 година освои сребрен медал, а четири години подоцна беше трета (бронзен медал), додека во 2023 освои сребро во Лигата на Нации.

Поврзани вести