
Во рамките на истрагата за наводни неправилности во јавните тендери и фалсификување документи денеска во Турција се приведени 51 човек, меѓу кои и градоначалникот на округот Етимесгут во Анкара, Ердал Бешикчиоглу.
Тој беше избран за градоначалник на Етимесгут од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) на локалните избори од 2024 година.
Бешикчиоглу е актер и пред да стане политичар беше познат по неговата улога во истоимената телевизиска крими серија „Бехзат Ч“.
Новиот бран приведувања се дел од големата повеќемесечна кампања на турските власти против корупцијата на локално ниво. Истрагите првенствено ги таргетираат општините управувани од ЦХП, а од 2024 година десетици општински функционери и вкупно 22 градоначалници на најголемата опозициска партија се приведени, меѓу кои и разрешениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој моментално е во затвор.(МИА)

Македонски


