Skip to main content

Неготинец прво ја нападнал поранешната сопруга, па ќерка му

Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино.

Според пријавеното, потоа пред неговиот дом физички ја нападнал и неговата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувал.

Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести