
Вчера во 20:00 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 14-
годишен малолетник од Гостивар.
При контролата во сообраќајот бил сопрен четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, кој го управувал, при што било констатирано дека го управува без возачка дозвола. Известен е инспектор за малолетници и по консултација со јавен обвинител четирициклот е одземен. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

Македонски



