
Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер гостува во Летонија во реванш против Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.
„Црвено-црните“ веруваат дека имаа сили да ја надополнат негативата од еден гол од дуелот во Скопје.
Капитенот Азер Омерагиќ најави борбена игра и се надева дека со исполнување на тактичките замисли може да с едојде до поволен резултат.
– По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига, истакна Омерагиќ.

Македонски



