
На 75 годишна возраст почина Гоце Тодоровски – легенда на македонското глумиште, човекот чиј препознатлив хумор, неповторлива харизма и извонреден актерски талент со децении ги освојуваа срцата на публиката.
Неговата ќерка Сашенка објави дека погребот ќе се одржи утре, на гробиштата Бутел во 13 часот.
Беспрекорен до последниот здив како што само ти умееше. Замина во легендите, а мене ми остави да ја носам тежината на оваа празнина што гори. Утре во Бутел ќе го даваме последното збогум: капела во 13 часот и погреб во 14 часот. Нека ти е светол небесниот пат, татко мој, таму каде што болката повеќе не постои, стои во објавата на неговата ќерка Сашенка.

Македонски



