Skip to main content

Австрија има еден гол предност против Македонија по првиот дел на СП

Австрија има гол предност над Македонија (14-13) по првиот дел од првиот меч од главната фаза на Светското првенство во ракомет во натпреварот кој се игра во Вараждин, Хрватска.

Австријците во финишиот на првите 30 минути успеаја да дојдат до водство и заминат со минимална позитива на паузата.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров двапати имаа позитива од плус три (7-4, 10-7), но дозволивме пред крајот противникот да направи пресврт.

Митев со четири гола е најефикасен во македонската ракометна репрезентација.