
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, предупреди дека за време на топлотни бранови, студени периоди и други ризични ситуации, најголем товар носат бездомните лица и социјално ранливите граѓани.
Тој посочи дека институциите треба навремено да ги активираат механизмите за поддршка, во координација со Црвениот крст и останатите надлежни организации, а информациите за достапната помош да бидат јавно објавени.
„Поддршката има вистинска вредност само кога е достапна во моментот кога е најпотребна“, порача Велковски.
Според него, грижата за најранливите категории граѓани бара брза реакција и координиран пристап, особено во услови на екстремни временски непогоди.

Македонски



