
Шеснаесетгодишно момче од скопското село Кондово починало вчера, откако му се слошило додека било на гости кај роднини во селото Сингелиќ.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 25 јули во 16:22 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник, кој по кратко време починал.
Според информациите, момчето заедно со својата мајка престојувало кај роднини во Сингелиќ, кога во еден момент му се слошило и паднало во бессознание.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Причините за смртта ќе бидат утврдени по извршената обдукција.

Македонски


