Skip to main content

Арсенал подготвува астрономска сума за трансфер на Винисиус од Реал Мадрид

Премиерлигашот од Лондон, Арсенал може да испрати понуда за крилниот напаѓач на Реал Мадрид и Бразил, Винисиус Жуниор, објави „Атлетик“.

Раководството на лондонскиот клуб сè уште не почнало преговори со „Лос Бланкос“, но го одобрило трансферот на 26-годишникот.

Тековниот договор на Бразилецот со мадридскиот клуб важи до 30 јуни 2027 година.

Во сезоната 2025/26, Винисиус постигна 22 гола и имаше 14 асистенции во 53 натпревари.

Специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркт“ ја проценува трансфер вредноста на Бразилецот на 140 милиони евра. 

Поврзани вести