Skip to main content

Олара Отуну од Уганда е седмиот кандидат за иден генерален секретар на Обединетите Нации

Олара Отуну од Уганда е седмиот кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации.

Кандидатурата на 75-годишниот Отуну ја поднесе неговата земја, а Обединетите нации официјално ги информираа земјите-членки.

Отуну беше заменик генерален секретар на ОН и специјален претставник за децата и вооружените конфликти од 1997 до 2005 година, за време на мандатот на тогашниот генерален секретар Кофи Анан.

Останати кандидати за функцијата се Мишел Бачелет од Чиле, Марија Фернанда Еспиноса од Еквадор, Рафаел Гроси од Аргентина, Ребека Гринспан од Костарика, Каролин Родригез-Биркет од Гвајана и Маки Сал од Сенегал.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, истекува на 31 декември годинава. 

Поврзани вести