
Заштедените пари во Вториот пензиски столб се загарантирани и сите осигуреници ќе ги добијат, дури и доколку државата се одлучи да го укине. Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски во интервју за утринската на Сител „Ја сакам Македонија“ уверува дека граѓаните не треба да се плашат дека ќе ги загубат заштедените пари.
– Доколку се спојат првиот и вториот пензиски столб? Дали парите ќе бидат некако наследени?
– Ова се што е штедено, секој од нас што штедел, што и да се случи парите се негови. Тие се загарантирани и по Закон и по Устав. Така што, тука треба граѓаните да немаат дилема дека тие пари се нивни и се заштедени.
– Народски да кажам, министер, луѓето се плашат да не ги земат парите од Вториот, да ги стават во првиот и толку да биде.
– Не, тоа не може да се случи бидејќи тие се нивни заштедени средства, вели Велковски.
Велковски уверува дека државата во моментот не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Меѓутоа, оние кои се стручни, способни и сакаат да работат и по надминување на границата, тоа можат да го направат.

Македонски


