
Позната далматинска Фејсбук-страница го разбранува интернет-просторот со идејата за забрана за фотографирање фискални сметки… Сѐ почна со фотографија направена со вештачка интелигенција на којашто авторот предупредува дека лажните сметки и лажните фотографии му штетат на хрватскиот туризам. Корисниците, очекувано, веднаш почнаа да се расправаат во коментари, за правата на потрошувачите, високите цени и слично.
Секое лето, омилената навика на Хрватите е објавување слики од сметките за летен одмор на социјалните мрежи. Популарната страница „Дневна доза одговорно Далматијан“ (Dnevna dosa odgovorno Dalmatian) предизвика дебата со предлог: Што мислите за забрана за фотографирање сметки од ресторани?
Имено, авторот на страницата, со лажната фотографија, сакаше да покаже и укаже дека и можната ВИ-манипулација со слика од сметка, можеби, е проблем за туризмот.ВИ: Лажна фотографија
„Хаха, што правиме ние, во комунизам ли сме? Нарачав, платив, натаму правам што сакам со сметката, ако треба и во тоалет! Каква глупост е ова со забрани на секој чекор?“, „Кога плаќам, сметката е моја и можам да ја сликам и да ја објавам кога и каде сакам. Ако нешто не е во ред со сметката, нека се грижи оној што мами… Не е мој проблем“ – гласат некои лути одговори на предлогот.
„Апсолутно. И забрана за дистрибуција на фотографии од ајкули од Атлантскиот Океан на хрватските портали во летните месеци. И морски желки“, „Не секој што фотографира сметки е нормален“, „А зошто воопшто треба да се сликаат сметки? Ако има ценовник во рестораните, тогаш и пред да нарачате нешто, ја знаете цената на она што ќе го јадете и пиете, а ако не можете да си дозволите нешто, тогаш нарачувате нешто друго или излегувате од тој ресторан и продолжувате натаму. А не откако ќе јадете и пиете, да се жалите колку е скапо. Секој што мисли дека нешто е скапо не оди во такви ресторани и не нарачува такви јадења што ќе чинат илјадници евра“ – напишаа други корисници.

Македонски


