Skip to main content

Одличен настап на македонските мечувалци на СП во Хонг Конг

Македонските мечувалци Петар Дамјаноски, Огнен Бундалески, Петар Србиноски и Матеј Тодоровски, иако се се уште јуниори, имаа одличен настап на Светското сениорско првенство кое се одржа во Хонг Конг.

На првенството во конкуренција на 225 мечувалци од целиот свет сите четворица македонски репрезентативци имаа победи во групната фаза, а тројца од нив продолжија и во елиминациските борби. Одличен настап имаше Петар Дамјаноски, кој во групната фаза, од 6 борби имаше 5 победи и само еден пораз, па така после прво коло беше рангиран на 35. место. Во втората елиминациска борба изгуби 15:14, и со тоа го освои 68. место во конкуренција на 225 натпреварувачи.

Она што е поразително е што нашата екипа млади мечувалци патуваше без тренери, бидејќи немаа доволно финансии и тренерите да патуваат со својата екипа.