
Вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ во соработка со „Extreme Bike Team“ Битола, викендов извршија целосно уредување на планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари.
Локацијата Лоша Стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има Националниот парк „Пелистер“ и се наоѓа на околу 1.220 метри надморска висина, југоисточно од селото Цапари и сега е веќе лесно достапна локација за сите посетители, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУНП „Пелистер“.

Од ЈУНО „Пелистер“ посочија дека овој викенд работаат и на целосно уредување на кружната вело и пешачка патека со вкупна должина од 16 км, која ќе почнува од Инфоцентар, Цапарска Пресека, Цапарски Вир, Ротинско Езеро, Голема и Мала Ливада и назад до Инфоцентар.

Македонски


