Skip to main content

Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од земјотресот

Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на Скопје.

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот. Со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот, информираат од Градот.

Појдовната точка е Порта „Македонија“, утре (сабота) во 10:00 часот, Пријавување на телефонскиот број: +389 71 250 419

Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата на Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации, велат од Град Скопје.