Skip to main content

Еквадорецот Карапаз победник на 18. та етапа на Тур Д’Франс, Погачар останува лидер во генералниот пласман

Facebook / Le Tour de France

Победник на денешната етапа на Тур Д’Франс е Ричард Карапаз од Еквадор. Тој патеката во должина од 174.7 километри од Шамбери – Вирон ја мина за 4 часа 26 минути и 21 секунда. Како втор низ целната линија мина Мауро Шмид од Швајцарија, а трет етапата ја заврши Матео Јоргенсен од САД, двајцата со заостанување од 45 секунди.

Лидерот во генералниот пласман Словенецот Тадеј Погачар денешната етапа ја заврши на 13. место во групата велосипедисти, кои заостанаа зад победникот 4 минути и 35 секунди.

Погачар на три етапи до крајот ја носи „жолтата маица“ за најдобар во генералниот пласман со вкупно време 64 часа 35 минути и 13 секунди. Остануваат да се возат уште две планински етапи и последната „рамничарска“. 

Поврзани вести