Skip to main content

Каја Калас се налути: Порача дека Хутите мора да ги прекинат нападите во Црвено Море

facebook Kaja Kallas
facebook-kaja-kallas

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека јеменската проиранска бунтовничка група Хути мора да престане со сите акции што го загрозуваат меѓународниот превоз и животите на морнарите.

Калас потенцира дека неодамнешните закани од Хутите за воведување поморска блокада врз Саудиска Арабија директно ја загрозуваат „регионалната стабилност и претставуваат опасна ескалација“.

Хутите соопштија дека нападнале два саудиски танкера за нафта како дел од нивната блокада на Саудиска Арабија и се заканија дека ќе воспостават втор контролен пункт во Ормуска Теснина.

Бродскиот транспорт во Ормуска Теснина и во Црвено Море не треба да биде нарушен, истакна Калас, додавајќи оти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“ ќе остане во состојба на готовност за да ја заштити слободата на пловидба во Црвено Море и во блиските меѓународни води. 

Поврзани вести