Skip to main content

Нови столчиња за Градскиот стадион во Делчево

 Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево ќе добие нов изглед со поставување на 1.180 нови столчиња, кои се обезбедени како донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, информираше дека денеска официјално ја примил донацијата, оценувајќи дека таа претставува значаен придонес за подобрување на спортската инфраструктура во општината.

– Со оваа донација значително ќе се подобрат условите на градскиот стадион, што е од особено значење за спортистите, спортските клубови и сите љубители на фудбалот и спортот во Делчево – истакна Гоцевски.

Тој упати благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до нејзиниот претседател Масар Омерагиќ за поддршката и, како што наведе, препознавањето на потребите на општината.

Од Општина Делчево посочуваат дека унапредувањето на спортската инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел создавање подобри услови за развој на спортот, младите и спортските клубови во општината. 

Поврзани вести