Skip to main content

Мицкоски: Граѓаните да ја пријават штетата од невремето, Владата ќе обесштети согласно закон

Граѓаните кои претрпеле штета од невремето треба да ја пријават во општинските комисии, по што Владата ќе постапи согласно законските процедури и ќе обезбеди обесштетување – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски појасни дека општините и нивните институции формираат комисии за проценка на штетите.

Што се однесува до обесштетувањето на граѓаните кои што претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии, граѓаните кои што имаат штета треба да ја пријават таа штета кај комисиите, тие ќе направат проценка и веднаш во комитетот за проценка на штети ќе ги достават до владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обесштетиме тие што ќе пријават штета – изјави Мицкоски.

Тој упати апел до граѓаните навремено да ги пријават настанатите штети за да може да се спроведе законската постапка за проценка и обесштетување.

Апелирам до граѓаните оние кои што имаат претпрено штета да ги пријават тие штети, да излезе комисија, да ја констатира и да добиеме ние како влада повторно спецификација на тие штети за да можеме да ги обесштетиме – рече Мицкоски.

Поврзани вести