Skip to main content

Мајката пријавила дека сопругот по семејна расправија го одвел 10-месечното дете во Швајцарија без нејзина согласност

Фрипик

Жителка на гостиварско пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 22 јули во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти МВР.

За случајот се известени надлежните служби, како и Центарот за социјални работи во Гостивар, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести