
Армијата на Летонија употреби солзавец и стрелаше во воздух со цел да ги спречи мигрантите кои од Белорусија се обидоа да влезат на летонска територија.
Летонската армија тврди дека била нападната од група имигранти, додека другите се обидувале да ја преминат границата.
За да ги спречат нелегалните дејствија и да спречат понатамошна ескалација на ситуацијата, војниците употребија солзавец. Додека поединци продолжија да ги игнорираат законските барања на службените лица и продолжија со своето агресивно однесување, еден предупредувачки истрел бил испукан во воздух, по што поединците се повлекле на белоруска територија, објави летонската армија на платформата Икс.
Летонија се соочува со мигрантска криза на границата со Белорусија од 2021 година. Летонија заедно со Полска и Литванија, ги обвинуваат Белорусија и Русија за организирање бранови мигранти од Блиски Исток и Африка за дестабилизација на балтичките држави. Москва и Минск негираат каква било вмешаност.

Македонски


