
Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го однесе државното знаме од јарболот на градскиот плоштад. Од Општина Куманово денеска информираа дека знамето е пронајдено и преземено од страна на кумановската полиција.

Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме – изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис Јаневска.
Поставувањето на новото државно знаме се очекува откако ќе биде доставено од надлежната владина служба.

Македонски


