Skip to main content

ЕУ одобри вклучување на Велика Британија во обезбедувањето на заем од 90 милијарди евра за Украина

foto-rabe-from-pixabay

Советот на Европска Унија денеска објави дека го одобри Велика Британија да се вклучи ви заемот од 90 милијарди евра за Украина. Ова значи дека Киев ќе има поширок избор на добавувачи на воена опрема, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Заемот ѝ обезбедува на Украина 60 милијарди евра оваа и следната година за инвестиции во одбранбената индустрија и купување одбранбена опрема, како и 30 милијарди евра директна економска и буџетска поддршка. Со денешната одлука, Лондон се обврзува да обезбеди фер и пропорционален финансиски придонес кон трошоците за заемот.

На крајот на јуни, Европската комисија му ја одобри на Киев првата транша од заемот – 8,1 милијарда евра, а до крајот на годината планира да обезбеди вкупно 28,3 милијарди евра за одбрана.

ЕК ги повлече средствата од меѓународните пазари, а износот ќе го вратат земјите од ЕУ кои сакаат да го направат тоа. Одлуката за заемот ја донесе Европскиот совет во декември минатата година откако не беше постигнат договор за финансирање на Украина со руски замрзнати средства.(МИА)

Поврзани вести