Skip to main content

Среќа го застанала полиција: Возел „ровер“ со 4,35 промили алкохол во крвта

МВР

Вчера во 15:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско.

При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести