Skip to main content

Во Гостивар ќе има правда, нема како во Тетово да е виновен кабелот, ветува ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата – се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е заедно со гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните, порачаа од партијата.

Поврзани вести