Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“.
Ваква е пораката на премиерот Христијан Мицкоски, кој на Фејсбук објави фотографии со Ватли од настаните на инаугурацијата на Трамп.
Мицкоски е единствен лидер од Балканот на инаугурацијата. Тој оствари бројни средби со луѓе од новата американска администрација и бизнисмени блиски до Трамп, меѓу кои Ричард Гренел, Девин Нунес, Џон Битов, Марко Галина бизнисмен Крис Павловски.