Skip to main content

Се качил на скала и ја гледал од горе: Девојка тврди дека маж ја шпионирал додека пробувала облека во гардероба

Freepik

Дваесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека непознат маж ја набљудувал додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 16 јули околу 14:30 часот, а бил пријавен три часа подоцна, во 17:30 часот, во СВР Скопје.

Девојката изјавила дека додека се пресоблекувала во гардеробата, забележала маж качен на скала кој ја гледал.

Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје.

Поврзани вести