Skip to main content

Папата со честитка за Трамп: Се надевам дека САД ќе бидат посветени на градење поправедно општество

Папата Франциск му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инаугурација и изрази надеж дека под негово водство американскиот народ секогаш ќе се труди да изгради поправедно општество.

Инспириран од идеалите на една нација, земја на можности и добредојде за сите, се надевам дека под ваше водство американскиот народ ќе напредува и секогаш ќе биде посветен на градење на поправедно општество, во кое нема место за омраза, дискриминација или исклучување, порача папата во честитката.

Тој потсети на бројните предизвици со кои се соочува човештвото, вклучително и „катастрофата на војната“ и му порача на Трамп дека му се моли на Бог „да ги води напорите за промовирањето мир и помирување меѓу народите“.

Поврзани вести