Skip to main content

Во Албанија минатата година зголемен бројот на баратели на азил

Бројот на странски државјани, кои побарале азил во Албанија бележи раст во текот на изминатата година, што го потврдуваат официјалните податоци на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ.

„Минатата година се регистрирани 144 барања за азил, или 40 повеќе отколку во 2024 година, што укажува на зголемување на протокот на лица кои бараат меѓународна заштита во нашата земја за над 38 отсто, стои во објавата на ИНСТАТ.

Според земјата на потекло, најголем дел од барателите на азил се од Египет, кои сочинуваат 39,6 отсто од вкупниот број, потоа од Авганистан 11,8 отсто и Палестина 9,7 отсто, додека останатите им припаѓаат на граѓани од други земји.

Над 63 отсто од барањата се поднесени во текот на месеците август, септември и октомври, што го прави овој период врв на приливот на баратели на азил во Албанија.

Рекорден број апликанти за азил имало во 2018 година или околу 4.000, од нив над 3.200 биле Сиријци, наспроти 2017 година кога имало околу 450 апликации од нив над 300 апликации на Сиријци. Останатите биле Палестинци и Пакистанци.(МИА)

Поврзани вести