
Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години.
Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли.
Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива забранија продажба на пијалаци со кофеин за деца.
Претставувајќи ја мерката, британските министри објавија дека околу 100.000 деца во Англија секојдневно консумираат енергетски пијалаци и се повикаа на истражувања што ги поврзуваат високите дози на кофеин со несоница, анксиозност и слаба концентрација.
Владата на Кир Стармер веќе најави забрана за користење на социјални мрежи помлади од 16 години, а за оние до 17 години воведува „ноќен полициски час“ за пристап до мрежите. Целта е да се подобри сонот, а со тоа и здравјето и благосостојбата на младите.

Македонски



