
Деменцијата е седма водечка причина за смрт во светот и една од главните причини за инвалидитет кај постарите лица. Болеста влијае врз меморијата, размислувањето и способноста на луѓето да водат самостоен и нормален живот. СЗО препорачува да се сменат животните навики, со што, иако не постои лек за болеста, ризикот за нејзино појавување може да се намали до 45 отсто
„Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а секоја година се регистрираат околу 10 милиони нови случаи“, се наведува во соопштението на Светската здравствена организација. Болеста најмногу ги погаѓа лицата постари од 65 години.
„Најчест облик на деменција е алцхајмеровата болест, со 60 до 70 отсто од сите случаи, покажуваат медицинските извештаи. Со навремена превенција, рано откривање и соодветни интервенции, може да се спречи или одложи појавувањето на ова заболување.
Во организацијата додаваат дека здравствените работници и креаторите на јавните политики имаат важна улога во спречувањето или одложувањето на појавата на деменцијата преку навремена превенција, рано откривање и соодветни интервенции.
„Од 2019 година досега, значително се сменија научните сознанија во оваа област“, посочи здравствената агенција на ОН. Нашата цел е раното препознавање на симптомите и навремено и соодветно лекување, велат од агенцијата.

Македонски



