
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со локална мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне ќе има изолирана нестабилна состојба со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во опсег од 11 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, додека максималната ќе достигне 37 степени.

Македонски



