Skip to main content

„Ловецот во ‘ржта“ во режија на Мартин Кочовски вечерва премиерно во Прилеп

Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

„Ловецот во ‘ржта“, според Селинџер, во режија на Мартин Кочовски, е новата премиера на театарот „Војдан Чернодрински“, што ќе биде изведена вечерва во 20 часот во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп.

Драматизацијата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографија: Филип Јовановски, костимографија и светло: Јулијана Војкова, Музика, кахон: Пеце Брада Трајковски, пијано, микрокорг: Давид Скерлевски, вокал, сантур: Ана Митоска, саксофон: Илија Волчески, гитара: Димитар Ѓорѓиевски.

Во претставата играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Теона Крстеска, Михајло Миленкоски, Ана Митоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Здравко Стојмиров, Александар Тодески и Игор Трпчески.

Режисерот вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина.

Текстот е цивилизациски важен, популарен, оти обработува тема за невозможниот бунт на индивудуалецот против општеството. Тој бунт нема рок на траење. Затоа е интересен и текстот има оставено голем белег врз културата, особено поп културата и во кон културата. Го одбрав театарот „Војдан Чернодрински“ да го поставам текстот заради квалитетот на актерската екипа која може и знае да работи ваков текст и тоа го докажува во реалноста. Бунтот на една театарска екипа во општеството. Во овој театар се бориме да го артикулираме нашиот глас, во општество каде тешко можеме да бидеме гласни, а ние сепак сме гласни. Публиката ќе види енергична, но воедно лирска и епска претстава, преполна со различни жанрови – вели Кочовски.

Поврзани вести