Skip to main content

Мајка, татко и бебе загинаа, другото дете се бори за живот во трагчна несреќа на пат кон Ситонија

HalkidikiNews.gr

Мајка и петмесечно бебе загинаа на лице место, додека таткото и другото дете со тешки повреди беа пренесени во болница, во тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи на пат кон Ситонија, Халкидики.

Како што пренесува HalkidikiNews.gr станува збор за семејство од Молдавија, кое со автомобилот се движело на патот од Полигирос кон вториот крак, кога во близина на Метаморфози околу 18.20 часот по грчко време се судриле со цистерна.

Дел од грчките медиуми предмалку јавија дека и таткото им подлегнал на повредите во болницата во Полигирос, додека детето со тешки повреди на главата се очекува да биде пренесено во Солун.

Поврзани вести