
Фудбалерите на Силекс ќе имаат голема поддршка од трибините на реваншот од воведното квалификациско коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп соопшти денеска дека сите билети за дуелот против белоруски Динамо Минск се продадени.
Натпреварот е закажан за в четврток на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, а Силекс со гол предност го пречекува лидерот во белоруското првенство.
„Сите влезници за реванш натпреварот од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига помеѓу ФК Силекс и ФК Динамо Минск се целосно распродадени. Ви благодариме за огромната поддршка. Во четврток очекуваме исполнети трибини и силна атмосфера на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје“, се наведува во клупското соопштение.
Силекс ќе се обиде да ја зачува предноста која минатата недела ја обезбеди на неутрален терен во Стара Загора со голот од пенал на Есмир Хасукиќ и да обезбеди пласман во 2. квалификациско коло во кое за противник жрепката го одреди Нефчи од Азербејџан

Македонски



