Skip to main content

Летале чаши и флаши во групна тепачка во кафана во Велес

архива

Вчеравечер во периодот од 23:30 до 23:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода П.М.(39) од село Смиловци, општина Чашка, А.Ј.(39), А.В.(39),  Б.Ѓ.(39), Б.М.(38) и Д.М.(39), сите од Велес.

Во угостителски објект во Велес, по кратка вербална расправија помеѓу А.Ј. и А.В., настанала физичка пресметка помеѓу А.Ј. и П.М. од една страна и А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. од друга страна, при што биле употребени и стаклени предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Поврзани вести