
БИКИНИ МУН
Bikini Moon
Милчо Манчевски / САД / Германија / Канада / 2017 / 102 мин
Со БИКИНИ МУН ја започнуваме програмата АВТОР ВО ФОКУС: МИЛЧО МАНЧЕВСКИ по неколку поводи: 25 години од освојувањето на „Златниот лав“ на Венецискиот филмски фестивал со ПРЕД ДОЖДОТ; премиерата на неговиот најнов филм ВРБА на Филмскиот фестивал во Рим… Филмовите на Манчевски во овој кинотечен фокус ќе бидат прикажани на класична 35 мм лента, освен БИКИНИ МУН, кој што е на ДЦП носач на слика.
Бикини Мун е приказна за харизматична, темпераментна и неспокојна поранешна жена-маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм, додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старателството врз малата ќерка. БИКИНИ МУН има формат на лажен документарец и зборува за експлоатација на единката од страна на медиумите.
„Инспирација беше доминацијата на снимање денес – од прислушување на Големиот Брат до селфи на Фејсбук. БИКИНИ МУН – како и моите досегашни филмови – зборува за природата на вистината, лагата и илузијата. Филмот го има мирисот на Њујорк, снимен е на повеќе локации во градот кој ми е втор дом и многу го сакам. Имаме извонредно талентирана екипа – и актерска и филмска. На овој филм се изборив за апсолутна креативна слобода, без мешање од финансиери, продуценти или политичари, со целосна доверба и хармонична соработка. Ова е еден од ретките американски филмови каде што авторот има право на фајнал кат (право на финална верзија)“, вели Манчевски за БИКИНИ МУН.
Проекции
Вторник, 14 јули20:30
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Јановиц

Македонски



