Skip to main content

Елиминацијата од СП ги чинеше Германците 9 милиони евра

Раната елиминација на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство 2026 ќе има значителни финансиски последици за Фудбалската федерација на Германија (ДФБ), јави денеска агенцијата ДПА.
Финансискиот директор на ДФБ, Стефан Грунвалд, наведе дека проектираниот дефицит изнесува 9,4 милиони евра.


„Планираниот дефицит е 9,4 милиони евра, а поради сметководствените процедури, ќе можеме да го потврдиме точниот износ дури на есен“, изјави Грунвалд.


Германија го заврши настапот на Светското првенство во осминафиналето, откако загуби од Парагвај на пенали.
Проценката на дефицитот во моментов не ги вклучува трошоците за промена на селекторот, отпремнината за сегашниот тренерски персонал, ниту каков било надоместок за новиот селектор.
Елиминацијата во осминафиналето донесе оставка на селекторот Јулијан Нагелсман, а негов наследник, според најавите, се очекува да биде Јирген Клоп.
Според неделникот „Кикер“, отпремнината за поранешниот тренерски персонал се проценува на околу 6,8 милиони евра, а ДФБ би можела да има дополнителни трошоци доколку потпише договор со Клоп

Поврзани вести