
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити информира дека партнерите од владината коалиција се договориле со премиерот Христијан Мицкоски да го имплементираат Законот за употреба на јазиците во сите институции каде што се организираат стручни испити, вклучително и правосудниот испит.
Во интервју за „EuroNews Albania“, Меџити бил прашан за прашањето за испитот по право на албански јазик и имплементацијата на законот во пракса.
На прашањето на новинарот дали ВЛЕН побарала вакво решение и каков одговор добил од владините партнери, Меџити изјави дека тоа не е барање, туку договор постигнат во рамките на владината коалиција
Ние не бараме. Се договоривме со премиерот Мицкоски, а имаше и заедничка изјава меѓу премиерот и двајцата владини партнери за ова“, изјавил Меџити, пренесуваат медиумите на албански јазик во Македонија.
Тој додал дека договорот не е ограничен само на испитот по право, туку предвидува имплементација на Законот за употреба на јазиците во сите области каде што се организираат стручни испити.
Според Меџити, целта е граѓаните да имаат можност да полагаат стручни испити и на албански јазик, во согласност со законските одредби и договорот постигнат меѓу владините коалициски партнери.

Македонски



