
Во населбата Тафталиџе ноќеска е запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, дознава „Република“. Возилото е речиси целосно унштено, а траги од оганот има во предниот дел и кај моторот. МВР исто така потврди дека е опожарено возило без да го наведе сопственикот.
На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во тек е увид, велат од МВР за „Република“.
Ристов стана познат во јавноста откако во куќата на неговите родители во Неготино бееа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕидот.
Судењето за овој случај е во тек.

Македонски



