Skip to main content

Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид.

Денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи капитални проекти. Ја посетивме улицата Кленоец која целосно се реконструира со поддршка на Министерството за транспорт. Се изврши реконструкција на атмосферска и фекална канализација како и асфалтирање на улицата. Оваа улица претставува една од главните артерии за поврзување на овој дел од градот – напиша тој во објавата.

Вели дека го посетиле новиот објект на училиштето Кочо Рацин и Младинскиот центар во склоп на ова училиште, истакнувајќи притоа дека оваа функционална целина е од огромно значење за младите и сите жители од овој дел на Охрид.

Заедно со министерката за образование Весна Јаневска направивме увид во активностите во охридската гимназија, репрезентативен објект на градот. Многу проекти и многу инвестиции во Охрид – објави заменик претседателот на Владата, Николоски.

Поврзани вести