Skip to main content

„Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана

Групата која ја киднапираше Вања Ѓорчевска на 27.11.2023 година се обидела тоа да го стори и три дена претходно. Нејасно е зошто се откажале од намерата.

Обвинителството на денешното рочиште за убиствата презентираше и снимка од системот „Сејф сити“ (Безбеден град) на кој се гледа „цитроенот“ на Панче Жежовски како од населбата Маџари, Триангла, преку Автокоманда се упатува на 24.11 кон улицата „Наум Наумовски Борче“ пред зградата каде живее Вања во Центар.

Во 6 часот и 38 минути кога веќе било разденето се гледа како возилото се движи на булеварот кај Автокоманда.

„Циторенот“ во 6 часот и 44 минути е забележан и пред Влада и на семафорот врти лево. Потоа кај бензиската на „Макпетрол“ врти десно и продолжува по улицата „Орце Николов” и се движи по Дебар Маало. На следната снимка се гледа како возилото доаѓа од кај Општина Центар и хотел „Сити Парк“ и доаѓа пред зградата на Вања во 6 часот и 49 минути.

Ова покажува дека „цитроенот“и три дена претходно се движел по истата рута како и на критичниот ден, објасни Обвинителката Жанета Трајковска.

Тие денови групата неколку пати го преместувала „цитроенот“ од месноста Триангла во населбата Бутел.

На сите овие снимки не се гледа кој го вози автомобилот, но се гледаат три лица.

Поврзани вести