Skip to main content

Трипуновски: Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски соопшти дека се објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари.

Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот – нагласи министерот.

Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, додаде тој, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството. Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство – нагласи Трипуновски.